РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ЗА СЕЛО МАГАРЕВО

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ЗА СЕЛО МАГАРЕВО

Општина Битола започна со реализација на проектот за реконструкција на локалниот пат за село Магарево, во должина од 537 метри. Вкупната инвестиција од општинскиот буџет за реализација на проектот изнесува 7.763.996 денари. Секретарот на општина Битола, Борче Димитровски, заедно со одговорните лица за координација на проектот од општинската администрација и советникот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, извршија увид на изведбата на работните активности од страна на изведувачот „ИЗОФАС“ од Прилеп. За време на посетата на терен беше нагласено дека ова е еден од проектите со кој локалната самоуправа инвестира во подобрување на патната инфраструктура во потпелистерието, паралелно со реализацијата на активностите кои се однесуваат на изведбата на колекторскиот систем и подигнувањето на квалитетот на животната средина.