РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ ВО СЕЛО ЛОГОВАРДИ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КОЛОВОЗ ВО СЕЛО ЛОГОВАРДИ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети селото Логоварди, каде во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на уличен крак 2 низ селото во должина од 235 метри. За овој проект, локалната самоуправа од општинскиот буџет инвестира 2.315.112 денари. Ова е еден од проектите со кои општина Битола, продолжува да вложува во подобрување на патната инфраструктура во руралните средини.