Започнаа теренските активности за реконструкција на дел од улицата „Нико Фундали“. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и дел од општинската администрација која го координира проектот, извршија увид во денешните изведбени активности, кои опфаќаат отстранување на стариот асфалтен слој.
Реконструкцијата започна од спојот со улицата „Север-Југ“ на исток, до спојот со улицата ”Тошо Даскало” на запад, со вкупна должина од 340.70 метри, а ќе биде опфатена мешовита канализација, водоводната мрежа и целосна реконструкција на постоечката коловозна конструкција со реконструкција на тротоарите.
Вкупно предвидени средства за реализација на овој проект се 12.628.225,00 денари, од кои за коловоз 7.506.051,00 денари, за водовод 2.443.398,00 денари и за мешовита канализација 2.678.776,00 денари.