Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ја посети детската градинка „Славејче“, која припаѓа на ЈОУДГ „Мајски цвет“, каде разговараше со директорката Кристина Лајмановска, за реализираните проекти, во објектите кои припаѓаат на оваа детска градинка.
Постоечкиот објект во состав на ДГ Славејче кој во минатото се користел од страна на градинката сега е адаптиран и во него ќе се згрижувват деца и ќе се користи за една воспитна група. Со овај проект се овозможува и зголемување на капацитетите на градинката.
Во тек е изработката на детски игралишта, играчки, справи и реквизити во дворот на пет градинки кои се во состав на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола кои ќе бидат реализирани до крајот на овај месец. Преку оваа инвестиција ќе се создаде можност голем дел од програмски активности да се реализираат во дворот на градинките.
Како дел од активностите за подобрување на условите во градинките извршено е реновирање на кујната во ДГ„Коца Василевска“ и тоалетите во градинките ДГ„Славејче“ и ДГ„Пеперутка“, извршена е набавка на лед сијалици и клима уреди, кујнска опрема, а подобрени се условите во скоро сите објекти.
Во ДГ„Мајски Цвет“ се заменети старите врати од тоалетите, магацинскиот простор и кујната со нова ПВЦ дограма.
За изведување на сите овие активности преку општинската сметка за блок дотации обезбедени се средства во износ од 11.280.510 ден.