РАБОТНА СРЕДБА НА ПЕТРОВСКА СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ДИМКОВСКИ И ДИРЕКТОРОТ БАЧОВСКИ

РАБОТНА СРЕДБА НА ПЕТРОВСКА СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ДИМКОВСКИ И ДИРЕКТОРОТ БАЧОВСКИ

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска беше домаќин на средбата со заменик министерот за земјоделство, пумарство и водостопанство Трајан Димковски, директорот на  Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски и раководителот на подрачната единица на МЗШВ Методија Илиевски.

На средбата разговараа за реализацијата на тековните заеднички проекти, а заменик министерот ја запозна градоначалничката со двата нови повици за земјоделците кои се објавени денес, како дел од стратешкиот план за развој и подобрување на сточарството.

Градоначалничката Петровска посочи дека за жителитите на руралниот дел од Општина Битола повиците се значајни, особено во доменот на сточарството, затоа што го јакнат капацитетот на домашните фармери и домашните капацитети за преработка на месни и млечни производи.