Отсуството на учениците во училишните клупи, голем дел од училиштата во Битола го искористуваат за активности во насока на подобрување на инфраструктурата во објектите, подобрување на квалитетот на наставата и збогатување со нагледни средства.
Во таа насока, денес се одржа работна средба на градоначалничката Наташа Петровска и директорката на основното училиште „Св. Климент Охридски“ Гордана Анастасова, на која се разговараше за тековните активности и реализација на проектите.