РАБОТЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА СО БЕРТОЛИНИ

РАБОТЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА СО БЕРТОЛИНИ

Раководителот на секторот за соработка при Мисијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини, ја посети Општина Битола, каде оствари средба со Градоначалникот на Општина Битола м-р Наташа Петровска и претставници од општинската администрација кои работат во секторот за јавни дејности и одделението за економски развој. На средбата, од страна на општината, беа претставени повеќе предлог проекти на чија подготовка општинската администрација работеше во изминатиот период, а се однесуваат на замена на нееколошките системи на греење и јавниот транспорт преку кој се врши емисија на јаглерод диоксид.

Предложените проекти се во согласност со препораките на ЕУ, а се однесуваат на заложбите државите да ги намалуваат емисиите на јаглерод диоксид. Во овој контекст, Општина Битола, предложи 7 проекти од кои 4 се однесуваат на замена на системите за греење, 1  за јавен транспорт, 1 за фотоволтаични централи и 1 за генератор на топлина.

За време на работниот состанок беа разгледани и други проекти и можности за соработка со цел нивна успешна реализација.