Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, на покана на МЕПСО, беше дел од делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на МЕПСО Куштрим Рамадани, пратеничката Бисера Сточевска – Костадиновска, директорот на ЕЛЕМ Васко Ковачевски, директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски, на официјалното пуштање во употреба на новиот 400/110 киловолтен трансформатор во ТС „Битола 2“.
Оваа капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра е од голема важност за подобрување на електроенергетската инфраструктура во државата и е особено значајна, бидејќи е во непосредна близина на најголемиот произведувач на електрична енергија во земјава, РЕК Битола.