ПРОФЕСОРИ И УЧЕНИЦИ ОД НОРМАНДИЈА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

ПРОФЕСОРИ И УЧЕНИЦИ ОД НОРМАНДИЈА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

Како резултат на соработката помеѓу СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Битола и француската гимназија „Ла Рокел“ од Кутанс, Нормандија, делегација од повеќе професори од овие училишта, имаа средба со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. На средбата присуствуваа и тројца професори од градот Шербо од Нормандија. Целта на престојот на учениците и професорите во Битола е одбележувањето на 100 години од крајот на Првата светска војна. Средношколците од Кутанс заедно со своите врсници од Битола, изработија статуетка која за време на комеморацијата беше поставена на француските гробишта во Битола.