По наврнатите 55 сантиметри снег во текот на вчерашниот ден и раните утрински часови, екипите на битолските јавни претпријатија, коориднирани од КЈП „Нискоградба“, постојано делуваат на терен:
- Сите улици од прв и втор приоритет се исчистени, во тек е чистење на споредните улици, или на одредени улици по барања на граѓаните.
• КЈП „Нискоградба“ ги исчисти патиштата на територијата на поранешните општини Кукуречани, Бистрица и Цапари.
• Пристапите до здравствените институции постојано се одржуваат чисти и проодни
• Синоќа се исчисти и патот до Хотел Молика
- ЈП „Комуналец“ во рамките на надлежностите ги чисти пешачките патеки и тротоари според програмата за работа.
• Чистењето на снегот продолжува во централното градско јадро и булеварите
• На местата каде што имаше паднати гранки и дрвја, најголемот дел се отстранети, а постапено е на 10-тина места по реакција на граѓаните.
• Пријавените проблеми од граѓани за улично осветлување се регулираат, најголемиот дел од нив беа санирани синоќа, а останатите денес.
- Екипите на ЈКП „Водовод“, покрај редовното одржување на патот до нивните објекти, со своја механизацијата и дел од вработените, се вклучија во чистењето на улиците.
- ЈП Паркинзи од раните утрински часови со механизација ги исчисти паркинг просторите во градот.