„Педагошко – психолошка служба во Битола и битолско“, е насловот на трудот од авторот Ѓорѓи Лазаревски, кој беше промовиран во НУУБ Свети Климент Охридски, во рамките на програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола – 4 ноември.
Во трудот, опфатени се голем број на педагози и психолози кои работеле во изминатиот период низ основните и средните училишта и претставен е 45 годишниот развој на оваа служба која има особен придонес за развојот на основното и средното образование во Битола и битолско.
На промоцијата на книгата, за авторот и неговото дело зборуваа Сашо Кочанковски и Методија Стојановски.
После промоцијата на книгата, четвртоноемвриската програма продолжи со концерт на Пензионерската пејачка група „Сирма војвода“.