Во салата на Советот на Општина Битола, беше промовиран стартот на програмата Локално партнерство за вработување – Битола Старт ап центар. Целта на активностите во оваа програма е да се влијае врз процесот на креирање поволен претприемнички екосистем што поддржува и стимулира претприемничка култура, креирање на работни места и генерирање на приходи.
На промотивниот настан се обратија претставници на сите учесници во програмата. Во името на Општина Битола заменик градоначалник Емилија Костурски, проф. д-р Игор Неделковски – проректор за наука при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, Маја Ангеловска – проектен менаџер во МКЦ-Битола, Лидија Ангелова – проектен координатор на Преда Плус, Деан Јошевски – одговорно лице на едукативниот центар Интерворкс, Мирко Велковски – претседател на регионалата стопанска комора Битола, Јешим Сефуловска – раководител на Агенција за вработување Битола и Тони Панов – помошник директор на СОТУ„Ѓорги Наумов“.
Програмата Локални партнерства за вработување (ЛПВ) преку своите партнери ќе помогне да се зголемат можностите за вработување преку активности кои ќе стимулираат учење, поддршка и вмрежување. Сите заитересирани можат да бидат дел од:
-Стартап програма која обезбедува менторски услуги за развој на бизнис идеи и финасиска поддршка за започнување на бизнис
-Саем на кариера каде барателите на работа ќе имаат можност да се поврзат со компании кои имаат отворени работни позиции
-Програма за развој на ИТ вештини која ќе креира ИТ професиналци со практични вештини за директно вработување во ИТ секторот.
Програмата Локални партнерства за вработување (ЛПВ) е финансирана од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог”, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.