Нови бехатон плочки на еден од влезовите во Градскиот пазар и фотоволтаични панели на управната зграда на ЈП Пазари, беа тема на денешната прес конференција на градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на ЈП Пазари, Владе Атанасовски.
„Завршивме со партерно уредување на овој дел од пазарот. Покривме уште една кал која што ја имавме во Битола и добивме малку поинаков изглед во овој дел во Битола, фреквентен дел каде што не поминуваат само пазарџиите, туку и нашите граѓани“, рече Петровска, која исто така посочи и дека ЈП Пазари деновиве го заврши поставувањето на фотоволтаичните панели.
„ЈП Пазари деновиве е веќе подготвено за производство на електрична енергија, ги доби првите киловатчаса. Ова покажува дека се движи во насока на домаќинско работење, на заштеда, која понатаму создава можност да се имплементираат проекти и зафати кои значат заштита на животната средина“, истакна Петровска при посетата на ова ова јавно претпријатие.
Директорот на ЈП „Пазари“ Владе Атанасовски искажа благодарност до градоначалничката Петровска за подршката за реализација на овој проект, кој беше пооддржан од нејзина страна од идеја, па се до реализација на фотоволтаичната централа.
„Покрај сите проблеми и потешкотии кои се јавија на патот за реализација на проектот, таа ни даваше поддршка.Среќен сум што сме прво јавно претпријатие во државата кое што направило фотоволтаична централа. Тоа е вистинско решение и соодветна замена за енергијата од фосилните горива кои ни предизвикуваат бројни еколошки и здравствени проблеми. Инвестицијата е 1.100 000 ден.без ддв , а ќе произведува максимум 20KW колку што е максимално дозволено за правни лица за сопствени потреби“, рече Атанасовски.
Ова е четврт последователен проект реализиран од ЈП Пазари во оваа 2019 година.