ПРОМОВИРАНА КНИГА И НОВА ОПРЕМА ВО ГИМНАЗИЈАТА Ј.Б.ТИТО

ПРОМОВИРАНА КНИГА И НОВА ОПРЕМА ВО ГИМНАЗИЈАТА Ј.Б.ТИТО

Во гимназијата „Јосип Броз Тито“беше промоворана книгата „Народните херои и академици во Гимназијата Јосип Броз Тито“ од авторот Никола Главинче, а истовремено беа промовирани и донациите во неколку училници.

„Една училница и еден кабинет по информатика се опремени од страна на печатницата “Киро Дандаро“, Ротари клубот и донација од Германскиот институт, а една училница опреми и Стопанска банка. Општина Битола обезбеди средства за набавка на мебел за четири училници и пет телевизори што ќе значи целосно опремување на сите училници со телевизори. Вредноста на ивестицијата од Општина Битола е 300.000 денари за училишен мебел и 100.000 денари за електронска опрема, а пред почетокот на учебната година од општината беа вложени и 370.000 денари за набавка на компјутери, лаптопи и графички таблети кои го олеснаа процесот на настава“, рече директорката на гимназијата, Фани Наумовска.

Инвестициите во образовните институции биле и ќе останат приоритет на локалната самоуправа, истакна градоначалничката Наташа Петровска.

„Образованите инстуитуции се најважниот елемент на општественото ткиво. Гимназијата “Јосип Брозт Тито“ била место, расадник на многу дејци и интелектуалци, местото кое од секогаш било синоним за стекнување на големи знаења и градење на квалитетни личности. Посакувам наскоро во сите училишта да се врати детскиот џагор, а од кризата се надевам дека ќе успееме да излеземе заедно посплотени, затоа што се она што денес го гледаме преку овој пример, покажува дека заедништвото е најважно и само така можеме да одиме сите напред и да имаме прогрес“, посочи Петровска.

Авторот на книгата, адвокатот Никола Главинче, истакна дека гимназијата е своевиден феномен и реткост на овие простори, односно во едно училиште да матурирале толкав број на академици, чиј број е осумнаесет, а тука учеле и пет народни херои.

„Со оваа публикација воедно се претставени личните вредности и професионалните и општествените достигнувања на најзначајните ученици, кои својот живот го посветиле на општото добро и кои го достигнале врвот на професијата, за што потврда е изборот за членови во најзначајната научна и уметничка институција во државата. Со оддавањето на почит кон нив се истакнува нивното значење и вредност, но и значењето и вредноста на Гимназијата како образовна институција, која била базата за нивниот понатамошен успех, а со публикацијата се оддава почит за оние кои ги  положија своите животи за нашата и слободата на идните генерации“, рече Главинче.

Директорката на гимназијата доделени и благодарници, на претставниците на компаниите и здруженијата кои ги обезбедија донациите.