ПРОДОЛЖУВА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦИ ВО НАСЕЛБАТА ГОРНО ОРИЗАРИ

ПРОДОЛЖУВА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦИ ВО НАСЕЛБАТА ГОРНО ОРИЗАРИ

Од предвидените 11 улици во населбата Горно Оризари, денес продолжи градежната офанзива во оваа населба, со асфалтирањето на кракот 7 и кракот 9, заедно со продолжените делови 9.1 и 9.2, во должина од над 400 метри.

Претходно, на улиците се изведуваше мешовита канализација и водоводни приклучоци. Досега, со асфалтирањето се опфатени околу 1400 метри, од вкупно 2028 метри во оваа населба.

Проектот „Реконструкција на коловоз на улици во населбата Горно Оризари“, е во вредност од 23.939.792 денари, а го изведува фирмата „Топлина“ ДООЕЛ с. Подмоље, Охрид. Со него, се реализираат дел од барањата на населението во оваа населба, како и дел од програмата за работа на градоначалникот Тони Коњановски, со кој населбата добива асфалтирани улици и мешовита канализациона мрежа во должина од над 2 километри.