За миг да излеземе од секојдневието исполнето со информации поврзани со корона вирусот и да се информираме за инфраструктурните зафати во општината.
Градежните активности, во Општина Битола, продолжуваат да се реализираат на повеќе локации, согласно предвидената динамика за реализација, но и во согласност со препораките за работа во овој период.
- Се работи на стадион под Тумбе кафе, во просторот под трибините
- Инфраструктурни активности се изведуваат на првата делница на улицата Илинденска, каде што е завршена фекалната канализација, а се работи водоводната мрежа
- Во тек се градежни активности и на улицата 13 ти јули за изградба на коловоз и поставување на улично осветлувањe
- Денес се врши и обележување на спортското игралиште во ОУ Кирил и Методиј
Во руралните средини:
- Активности се реализираат и во селото Бистрица во паркот кај Меморијалниот споменик од НОБ
- Градежни работи се изведуваат и на локалниот пат за село Маловишта
Јавните претпријатија продолжуваат со тековните активности согласно својата програма, а по најавите за студен бран КЈП Нискоградба ја подготвува својата механизацијата за евентуални временски непогоди.