ПРОГРАМА ПО ПОВОД 4 НОЕМВРИ: ВЕЛОСИПЕДСКИ ХЕПЕНИНГ

ПРОГРАМА ПО ПОВОД 4 НОЕМВРИ: ВЕЛОСИПЕДСКИ ХЕПЕНИНГ

После повеќе години, возобновен велосипедскиот хепенинг во Битола, кој годинава е дел од Програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола – 4 ноември. Организатори на хепенингот се Велосипедски клуб „15 Мај“ – Битола во соработка со Велосипедската секција од ОУ „Елпида Караманди“ – Битола, Сојузот на борци – Битола, Црвениот крст – Битола и Здружението на граѓани „Антифа“ – Битола.

Велосипедскиот хепенинг, опфати неколку активности, како: интерактивни предавања за историјата на велосипедот и придобивките од активно користење на велосипед, велосипедот и здравствените придобивки, здрава храна и како безбедно да се движиме со велосипед во сообраќајот. Исто така, беше организирана велосипедска трка во неколку категории во зависност од возраста, со акцент на учениците од основните и средните училишта, а беа доделени и медали, дипломи и пехари.

Внесувањето на Велосипедскиот хепенинг во Програмата по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, има свој посебен придонес кон засилување на културата за користење на велосипедот за постигнување на здравствени, еколошки и сообраќајни придобивки за општината.