Ракометарот Филип Кузмановски, кој го носи дресот на Еурофарм Работник е избран за спортист на Битола за 2018 година. Тој се приклучи на листата на досегашните 55 избрани битолчани, на кои низ годините наназад им е доделено ова престижно признание.
На изборот беа наградени педесетина поединци и клубови, а беа доделени и посебни награди, од страна на заменик градоначалничката Емилија Костурска и претседателот на Советот на Општина Битола Валентин Груевски.
Сојузот на спортови, покрај Филип Кузмановски, годинава одлучи да ги награди и следните поединци:
Борче Стојановски (Боди-билдинг клуб Сити Џим)
Ана Ивановска (СК РЕК Битола)
Горан Тромбев (Боди-билдинг клуб Алфа фит)
Никола Бубевски (Кик-бокс клуб Енерџи)
Изабела Димовска (ОК Пелистер волеј)
Филип Чурлевски (РК Еурофарм)
Филип Божиновски (Кик-бокс клуб Нинџицу)
Габриела Величковска (ЖРК Пелистер)
Александар Најдовски (БК Пелистер)
Нора Мемедова (КК Пелистер)
Олгица Стојановска (Фитнес Сити Џим)
Елеонора Димковска (КГС Партизан)
Спасе Петровски (АК Олимп)