ПРИФАТИЛИШТЕТО ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА СЕ ПОДГОТВУВА ДА ЗАПОЧНЕ СО РАБОТА, ВО МЕЃУВРЕМЕ ЗАЛОВУВАЊЕТО СЕ ВРШИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ

ПРИФАТИЛИШТЕТО ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА СЕ ПОДГОТВУВА ДА ЗАПОЧНЕ СО РАБОТА, ВО МЕЃУВРЕМЕ ЗАЛОВУВАЊЕТО СЕ ВРШИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И БЛАГОСОСТОЈБА НА ЖИВОТНИТЕ

Општина Битола, активно работи на решавање на проблемот со бездомните кучиња, согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Во моментот, во завршна фаза е адаптацијата на соодветните услови во прифатилиштето, согласно добиените насоки после извршената проверка од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, а до завршувањето на оваа постапка на терен работи економскиот оператор ДПТУ Проветалек ДООЕЛ кој врши заловување и стручен третман на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња на територијата на Општина Битола. Согласно склучениот договор со општината, од ноември до денес заловени се 25 кучиња од кои едно е вдомено, едно е евтанизирано, а 23 се вратени на локацијата на заловување. Економскиот оператор во извршување на дејноста постапува согласно важечките правилници и заловувањето се врши во периоди во кои временските услови се соодветни за реализација на активностите во Градскиот парк, централното градско подрачје, основните и средните училишта или кај други институции по налог на општината.

Со ваквиот начин на работа, општината постапува согласно законската регулатива во решавањето на проблемот со бездомните кучиња, додека одредени објави кои се појавија деновиве, а во кои се наведува за појава на наводно исчезнување на уличните кучиња, претставуваат дезинформации. Општина Битола, при спроведување на сите постапки води посебна грижа за заштита на граѓаните, но и на бездомните кучиња.