ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ НА ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ

ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ НА ФУДБАЛСКОТО ИГРАЛИШТЕ

Денес се изврши примопредавање на комплетно нов терен со вграден дренажен систем и наводнување на теренот од фудбалското игралиште под Тумбе кафе, кое беше дел од договорот помеѓу општината Битола и Фудбалската Федерација на Македонија и истото е дел од хет трик програмата на УЕФА. За одржување на висококвалитетниот терен од страна на ЈП Комуналец е набавена и комплетната опрема. Покрај новиот терен од страна на ФФМ и УЕФА ќе следува и поставување на рефлектори за осветлување на стадионот од највисока – четврта категорија, за што постапката е пред потпишување на договорот со изведувачот. Паралелно со ова, општината ги продолжува активностите за реализација на проектот „Изградба на северна трибина како функционален дел од 1 фаза од градба на фудбалскиот стадион во локалитетот „Тумбе кафе” – Битола” за што повикот за доставување на понуди е во тек.

stadion 4_resize stadion 6_resize stadion 7_resize stadion 8_resize stadion 9_resize stadion 10_resize