ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ФОЛКЛОРНИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА НА СРЕДБА СО ПЕТРОВСКА

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ФОЛКЛОРНИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА НА СРЕДБА СО ПЕТРОВСКА

Во кабинетот на градоначалничката на Општина Битола, се одржа средба на претставници на фолклорните ансамбли кои делуваат на подрачјето на општината и градоначалничката Петровска.

На средбата со присутните претставици се разговараше  за актуелните состојби во фолклорните здруженија. Градоначалничката Наташа Петровска даде предлози и иницијативи за  одредени натамошни чекори во насока на зачувување и негување на македонскиот фолклор и традиција.