Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа средба со претставници од Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола. Игор Петковски и Зоран Талевски – Ченто, како членови на ДПД „Архангел“, раскажаа за вклученоста на друштвото во противпожарните акции со над 70 тина доброволци, кои на терен ја покажаа својата хуманост и пожртвуваност со цел заштита на населението и материјалните добра од пожарите со кои се соочи Општина Битола на неколку локации.
Градоначалникот Коњановски со симболични подароци им се заблагодари за храброста со која делуваа на терен и нивната ангажираност при гаснењето на пожарите.