ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА УРБАНИТЕ И МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ НА СОСТАНОК СО ОПШТИНСКОТО РАКОВОДСТВО ПРЕД ФОРУМСКИТЕ СЕСИИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2024 ГОДИНА

ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА УРБАНИТЕ И МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ НА СОСТАНОК СО ОПШТИНСКОТО РАКОВОДСТВО ПРЕД ФОРУМСКИТЕ СЕСИИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2024 ГОДИНА

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски и раководителите на општинските одделенија за економски развој, комунални дејности, имотно -правни работи и секторот за финансиски прашања, попладнево имаа средба со претседателите на урбаните и месните заедници.

На средбата, која претставува претфорумска сесија, општинското раководство ги сослуша барањата и приоритетите на урбаните и месните заедници и ги информираше претседателите за изготвените проекти, како и за планираните буџетски форуми, на кои граѓаните ќе ги одредат приоритетите за реализација, како и оние проекти за кои дополнително треба да биде подготвена документација.

Претседателите на урбаните и месните заедници, го поздравија ваквиот начин на комуникација, нагласувајќи дека, општината во своето планирање, веќе е подготвена за решавање на најгорливите прашања на битолчани, а преку форумските сесии ќе се залагаат за вклучување на најважните приритети во буџетот за 2024 година.

На денешниот состанок, беа поканети и координаторите на советничките групи од сите политички партии, а присуствуваше координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски. По завршувањето на буџетските форуми, на кои се поканети и советниците, изготвениот предлог буџет ќе биде јавно објавен и доставен за усвојување до Советот на општина Битола.