ПРЕПОРАКИ ОД ДЗС

ПРЕПОРАКИ ОД ДЗС

Препораки од Дирекцијата за заштита и спасување на граѓаните кои живеат на повисоките места во зимски услови:

  1. Навремено да обезбедат доволни количини на храна и лекови за сопствените потреби.
  2. Навремено да обезбедат доволно храна и неопходни лекови за домашните животни.
  3. Да имаат обезбедено телефонски врски – по можност мобилни.
  4. Да внимаваат на покривите  –  во случај на обилни врнежи од влажен снег и истите навреме да ги чистат.
  5. Навремено да информираат за настанати непогоди – несреќи.
  6. Редовно да ги чистат дворните места и да обезбедат нужна комуникација во населеното место.
  7. До колку не е крајно неопходно, да не го напуштаат населеното место со моторните возила, трактори и други превозни средства.