изворна македонска музика со „Рудина“, во Пациото на Музејот во сабота џез концерт на „Владимир Четкар трио“, во недела на истата локација концерт на „Дамјан Пејчиновски трио“ и специјалниот гостин Емир Хот, неколкудневен детски фестивал ТРА-ЛА-ЛА и летно 3Д кино, во програмската понуда на БИТ ФЕСТ.
Преку трибина, организирана во рамките на „Балканската колонија на ракотворци“, со исказите на Наде Геневска Брачиќ, советник – кустос од НУ Завод и музеј – Битола, Димче Миновски, познавач на Битола, спортски новинар и проактивната битолска публика, сликарот Рамазан Ајкилич од Измир, Турција го профилираше ликот на битолскиот чкембар, битолска легенда, по која и навивачите на Пелистер се нарекуваат чкембари. Идејата на организаторот на Колонијата на ракотворци е скицата на битолскиот чкембар да постане модел, од кој што ќе се произведуваат сувенири и на тој начин ќе биде оживотворен овој битолски бренд. Летното 3Д кино особена атракција, по две проекции на отворено – четврток, петок и сабота, во Пациото на Музејот, а филмската понуда одлична: Миниони (анимиран/ цртан филм, режија: Pierre Coffin, Kyle Balda, улоги: Pierre Coffin, Steve Carell, Sandra Bullock, Jon Hamm, Hiroyuki Sanada, Chris Renaud; Невозможна мисија (жанр: акција, авантура, трилер, режија: Christopher McQuarrie, улоги: Tom Cruise, Jeremy Renner, Simon Pegg; Фантастична четворка (жанр: акција, фантазија, режија: Josh Trank, улоги: Miles Teller, Kate Mara, Michael B. Jordan, Jamie Bell; Тајните на Ватикан (жанр: хорор, трилер, режија: Mark Neveldine, улоги: Olivia Taylor Dudley, Michael Peña, Djimon Hounsou, Dougray Scott; Градови од хартија (жанр: љубовен /фантазија, режија: Jake Schreier, улоги: Cara Delevingne, Nat Wolff, Cara Buono, Halston Sage. А во финалниот термин, сабота во 22:00 часот е проекцијата на Терминатор. Точно триесет години подоцна откако Терминатор пристигна во кината, студиото Paramount Pictures со петто продолжение на култната научна фантастика. Ова продолжение фасцинира со спектакуларниот приказ на иднината, апокалиптичните борби помеѓу луѓето и киборзите, харизматичните млади глумци и се разбира легендарниот Арнолд Шварценегер. Режијата е Alan Taylor, а покрај Шварценегер играат J.K. Simmons, Emilia Clarke, Jai Courtney.