ПРЕКРАСЕН НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР

ПРЕКРАСЕН НОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА БИТОЛСКИОТ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР

Во преполната сала на Центарот за култура во Битола, каде се бараше место повеќе, Камерниот оркестар на Битола, го одржа новогодишниот концерт насловен „Ladies symphony“, последен за оваа година, но концерт кој предизвика воодушевување кај присутните. На концертот заедно со Камерниот оркестар настапија: Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова со изведба на хитови од светски познатите пејачки имиња Ријана, Ејми Ванхаус, Алиша Кис, Емили Санде…За крај песната „All I want for Christmas is you“, беше причина за дополнително воодушевување, среќа, радост, силни аплаузи од присутните… „Вечерашниот концерт е кулминација на успешната концертна година и настапите во повеќе македонски градови, фестивалот „Охридско лето“, но и гостувања во странство, пред се во Сараево и Ниш. Со исти амбиции ќе ја почнеме и новата година бидејќи планирани се настапи во Португалија и Хрватска, како и на фестивалот „Рок Вилиџ 2018“ во Банатски Соколац“, рече Владимир Димовски, диригент на камерниот оркестар.

Новогодишниот концерт на Камерниот оркестар на Битола е дел од новогодишната програма на општина Битола, која денес во 11.00 часот продолжува со детска програма, која ќе трае до 15.30 часот, а од 20.30 продолжува вечерната програма на плоштадот Магнолија. Деталите за програмата можете да ги најдете на следниот линк http://www.bitola.gov.mk/програма-за-дочек-на-новата-2018-година/.