ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИДЕЕН И ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА ГАСИФИКАЦИЈА НА БИТОЛА

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИДЕЕН И ОСНОВЕН ПРОЕКТ ЗА ГАСИФИКАЦИЈА НА БИТОЛА

Во рамките на денешната седница на регионалната стопанска комора, Општина Битола имаше презентација на идеен и основен проект за основна дистрибутивна гасоводна мрежа во Битола и телекомуникациски коридор. Пред битолските стопанственици беше презентиран проектниот план во кој беа образложени фазите и динамиката на нивната реализација, можните ризици, како и рамковниот буџет по години и фази на градба. Беше потенцирана важноста на деловната заедница, не само како потрошувачи, туку и како активни учесници во градењето на инфраструктурата. Исто така, беше договорено откако ќе започне изработката на идејниот проект, во една фаза од изработката и стопанствениците да бидат консултирани со свои идеи.