ПРЕВЕНТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО БИТОЛА ПРОДОЛЖУВААТ – ГРАЃАНИТЕ ДА ПРОДОЛЖАТ СО ОДГОВОРНО И СОВЕСНО ОДНЕСУВАЊЕ

ПРЕВЕНТИВНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ИНСТИТУЦИИТЕ ВО БИТОЛА ПРОДОЛЖУВААТ – ГРАЃАНИТЕ ДА ПРОДОЛЖАТ СО ОДГОВОРНО И СОВЕСНО ОДНЕСУВАЊЕ

Како резултат на мерките кои што се преземаат во Општина Битола, а согласно уредбите донесени од Владата на Република Северна Македонија и делувањето на општинскиот кризен штаб, состојбата со ширењето на коронавирусот во општината во досегашниот период е задржана стабилна и под контрола. Ова го потврдуваат и податоците на Центарот за јавно здравје – Битола, кои денеска беа презентирани на координативниот состанок на општинскиот кризен штаб. Значаен и многу важен придонес во оваа насока има и одговорното однесување на граѓаните. Во таа насока, градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, изразува голема благодарност до своите сограѓани за нивната голема поддршка изразена преку дисциплинираност и одговорност, но, апелира за време на продолжениот викенд, однесувањето на секој граѓанин да продолжи во насока на свесност и совесност, во согласност со сите мерки и препораки, со цел и во следните две недели, да нема зголемување на бројот на новозаболени од КОВИД 19. Петровска, поаѓајќи од известувањето на СВР Битола, посебно апелира до родителите, да не дозволуваат групирање на децата во училишните дворови, особено во овој период кога за тоа постои и соодветна уредба.

Општинскиот кризен штаб, на денешниот состанок ги донесе и следните заклучоци и препораки:

  1. Имајќи ја предвид донесената уредба од страна на Владата на Република Северна Македонија, со која на 1, 2 и 3 мај ќе биде дозволено движење на граѓаните од 05:00 до 14:00 часот (лица до 18 години од 12:00 до 14:00 и лица над 67 години од 05:00 до 11:00 часот), општинскиот кризен штаб им препорачува на граѓаните, своите обврски и набавки на намирници, да ги завршат во дозволеното време, затоа што за време на продолжениот викенд, дополнително нема да биде во важност списокот на дежурни маркети и ресторани.
  2. Сите земјоделци кои се пријавиле во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, телефонски ќе бидат известени за дозволеното движење за извршување на земјоделски работи од страна на подрачната единица на ова министерство, така што истите не треба го проверуваат одобрувањето во СВР Битола и да вршат непотребно оптоварување на телефонскиот број 192.
  3. Врз основа на добиено известување од Агенцијата за храна и ветеринарство, сточните пазари во Битола да започнат со работа од 04.05, директорот на ЈП Пазари на денешниот состанок на кризниот штаб информираше дека, сточниот пазар во Битола започнува со работа од идната седмица. Градскиот и реонскиот пазар во деновите на продолжениот викенд први, втори и трети мај ќе работат од 6.00-13.00 часот.
  4. Во однос на општинскиот линиски превоз на патници, граѓаните ќе бидат известени за возниот ред со соопштение, објавено на веб страната на Општина Битола.

Континуираното функционирање на дезинфекционите рампи на влезовите во градот, како и останатите превентивни мерки, продолжуваат да се спроведуваат и во следниот период.