Екипи на Центарот за јавно здравје од Битола од вчера започнаа со првата фаза од адултицидна теристичка дезинсекција против комарци, која ќе се изведува до 14 јуни. Средство со кое се прска е Аква К-Отрин, активна супстанца делтаметрин.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини на целото градско подрачје и периферијата на градот, предвидени со оперативниот план и програма доставена до општина Битола. Тоа се места со големи тревни површини, паркови, застоени води итн.
Третирањето ќе се изведува во вечерните часови од 21.00-04.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап – возило означено со ротационо светло.
Со цел да се избегнат несакани последици, апел од Центрот за јавно здравје упатуваат особено до пчеларите со цел да превземат превентивни мерки за заштита на пчелните семејства.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.