ПРВА РАБОТНА ПОСЕТА НА АМБАСАДОРКАТА АНКЕ ХОЛШТАЈН НА ОПШТИНА БИТОЛА

ПРВА РАБОТНА ПОСЕТА НА АМБАСАДОРКАТА АНКЕ ХОЛШТАЈН НА ОПШТИНА БИТОЛА

Во прва работна посета на Општина Битола денес престојуваше амбасадорката на Германија Анке Холштајн, која оствари средба со градоначалничката м-р Наташа Петровска во нејзиниот кабинет.

На средбата, градоначалничката Петровска и амбасадорката Холштајн разговараа за придобивките од работењето на најголемата германска инвестиција во земјава, фабриката Кромберг и Шуберт, изградбата на новата детска градинка, економската состојба во градот, инфраструктурните проекти, како и за туристичките капацитети и понуди кои што ги има Општина Битола, особено во  Националниот парк Пелистер.

Градоначалничката изрази благодарност за помошта од Германската амбасада, која во повеќе наврати донирала во битолските образовни институции.