ПРВА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ОД СТРАНА НА АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКА

ПРВА ПОСЕТА НА ОПШТИНА БИТОЛА ОД СТРАНА НА АМБАСАДОРОТ НА ЧЕШКА

Чешкиот амбасадор, Н.Е Јарослав Лудва, денес за првпат ја посети општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски, со кој разговараа за имплементација на повеќе решенија поврзани со урбаната мобилност и примената на современи решенија за развој на паметни градови. Посебен акцент во разговорот беше ставен на добрите примери и стратегии кои се применуваат во Чешка, предностите од користењето на електрични автобуси, како и позитивните искуства од функционирањето на принципот на јавно – приватно партнерство.

Амбасадорот Лудва, нагласи дека, иако ова е негова прва посета на Битола, впечатокот кој го има за градот, ќе биде причина за негово организирање на нови посети од страна на повеќе делегации, кои своите планирани активности ќе ги реализираат токму во Битола.