ПО 60 ГОДИНИ ЖИТЕЛИТЕ НА ДЕЛ ОД УЛ. „ПРОГРЕС“ ВЛЕГУВААТ БЕЗ КАЛ ВО ДОМОВИТЕ

ПО 60 ГОДИНИ ЖИТЕЛИТЕ НА ДЕЛ ОД УЛ. „ПРОГРЕС“ ВЛЕГУВААТ БЕЗ КАЛ ВО ДОМОВИТЕ

„Живеам овде 60 години. Конечно дочекав да имам нормална вода и канализација, а најважно е што влегуваме дома без кал и прашини”, вели жител на еден од краците на ул. „Прогрес“, каде што заврши поплочувањето со бехатон плочки, откако претходно беше променета водоводната и канализационата мрежа.

На денешната средба со градоначалничката Наташа Петровска, жителите изразија задоволство од тоа што ветеното при санацијата на претходни двата краци, дека дополнително ќе се уредат и останатите, веќе е реализирано.

Во тек е тампонирање на вториот крак, по реконструкцијата на  канализационата и водоводната мрежа. Од страна на Општина Битола во соработка со јавните претпријатија инвестирани се над 890.000 денари за водоводната и канализационата мрежа, а за партерното уредување локалната самоуправа инвестира околу 640.000 денари.