Во битолската уметничка галерија Магаза во рамките на БИТ ФЕСТ 2015, се одржа изложбата „По трагите на водата“ – Акварел од колекцијата на Националната галерија на Македонија
Изложбата презентира избор на уметнички дела остварени во еден визуелен медиум – акварелот, со истакнат број уметници, опфаќајќи еден импресивен попис на повеќе генерации од различни поднебја со посебни уметнички елементи.
Меѓу авторите се Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Киро Караџа, Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Љубомир Белогаски, Василие Поповиќ – Цицо, како и одредени познати имиња (врвни мајстори) од соседните држави.
Куратор на изложбата беше Елена Георгиевска, кустос во Националната галерија на Македонија.