ПОЈАЧАНИ ЕКИПИ, ЗАДОВОЛНИ ГРАЃАНИ ОД ИНТЕРВЕНЦИИТЕ – ШЕЌЕРИНСКА И ПЕТРОВСКА НА УВИД ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

ПОЈАЧАНИ ЕКИПИ, ЗАДОВОЛНИ ГРАЃАНИ ОД ИНТЕРВЕНЦИИТЕ – ШЕЌЕРИНСКА И ПЕТРОВСКА НА УВИД ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА

Заменик претседателката на Владатана РСМ, заедно со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорите на јавните претпријатија, извршија увид на дел од поплавените подрачја по синоќешното невреме во Битола.

„Владата стои на располагање да помогне во оваа ситуација. Денеска имавме прилика да разговараме со еден дел од граѓаните, да им честитам што навистина брзо реагирале, и што еве и директорите не седеле некој друг да ја заврши работата туку биле на терен и помагале на граѓаните.Со природата навистина нема играње и овие екстремни промени во времето од многу врело до поројни дождови се карактеристика на климатските промени на кои ќе треба да се навикнуваме, да се прилагодуваме и нешто да сториме за да ги спречиме ваквите штети.Очигледно е дека долгото неинвестирање во инфраструктура предизвикува последици и тие се провлекуваат години со ред и за 2,5 години не можат да се променат’, потенцираше Шеќеринска.

Градоначалничката Петровска уште еднаш ја нагласи заложбата на сите екипи на терен, кои несебично им ја дадоа помошта на загрозените граѓани.

„Целокупните штети кои што ќе ги процени општинската комисија ќе ги донесе заклучоците за обештетување на граѓаните и олеснување за се што ни се случи во изминатото деноноќие. Повторувам упте еднаш дека поројот беше тој што ги затвори улиците, затоа што веднаш по престанувањето на дождот водата се повлече за кратко време во канализациониот ситем, но тој секогаш треба да се подобрува, затоа што инфраструктурата треба да биде цел за подобри услови за граѓаните“, посочи Петровска.

Директорот на ЈКП „Водовод“ Горан Коаров објасни со што се соочиле на терен екипите на ова јавно претпријатие.

„Синоќа бевме сведоци на тоа што значи природата. Со се можеме да си играме, но со природата, не. Ние како јавни претпријатија сме спремни да излеземе на терен и да им помогнеме на граѓаните, екипирани сме, а тоа го покажавме синоќа, кога во рок од 15 минути се екипираа сите јавни претпријатија со цела опрема и интервенираа на терен до 2.30 по полноќ. Не оставивме ни една локација да не е помината и опслужена. Денес ги појачавме екипите со нови пумпи и сме на готовс. Се надевам дека нема да ни треба ништо од тоа но доколку дојде до нешто, тука сме во услуга на граѓаните’, рече Козаров.