ПОЧНА РEКОНСТРУКЦИЈАТА НА КРОВОТ И ТОАЛЕТИТЕ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ОУ ЕЛПИДА КАРАМАНДИ

ПОЧНА РEКОНСТРУКЦИЈАТА НА КРОВОТ И ТОАЛЕТИТЕ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО ОУ ЕЛПИДА КАРАМАНДИ

Во основното училиште Елпида Караманди, започна реализацијата на проектот за реконструкција на тоалети за лица со посебни потреби и замена на кровна подконструкција и кровен покривач на објектот, согласно издаденото решение за реконструкција од Општина Битола. Проектот се реализира врз основа на трипартитниот договор помеѓу училиштето, општината и Министерството за образование и наука, со кој се регулираат меѓусебните обврски на договорните страни.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на активностите и со директорката Татјана Дамчевска разговараше за планираната динамика на реализација, како и за тековното и инвестиционо одржување на објектот.

Покрај за овој проект, Коњановски и Дамчевска разговараа и за планираниот дневен престој, за кој училиштето треба да создаде услови за работа со почетокот на новата учебна година.