Општина Битола, ја заврши постапката за избор на изведувач за „Изградба на настрешница во функција на објект за ветеринарна заштита“ – што претставува прва фаза од проектот за адаптација на прифатилиштето за кучиња. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на подготвителните работи на изведувачот „МЗТ Инженеринг“, кој согласно склучениот договор, работните активности треба да ги заврши за 40 работни дена.
Со проектната документација, на овој простор предвиден е градежно – конструктивен, архитектонски дел и одводнување, со што комплетно ќе се создадат услови за ветеринарна заштита на бездомните кучиња.
Вредноста на склучениот договор изнесува 4.132.399 денари, а со реализацијата на оваа фаза од проектот конечно се пристапува кон конкретно решавање на долгогодишниот проблем со бездомните кучиња низ битолските улици.