ПОСТЕПЕНО НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИОТ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ

ПОСТЕПЕНО НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИОТ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ

По укинувањето на забраната за движење, во интерес на постепеното нормализирање на животните и работните активности на граѓаните, Општина Битола известува дека почнувајќи од понеделник – 1 јуни 2020 година возните редови на општинските линии ќе се одржуваат како што следува:

Линиите 1, 4 и 5 за Брусничка населба, Горно Оризари и Буковска населба ќе сообраќаат секој ден од понеделник до сабота во двете насоки и без прекин до 20:00 часот.

Линијата 6 за Долно Оризари ќе сообраќа секој ден од понеделник до сабота без прекин до 19:00 часот.

Линиите 7, 8, 9, 9А, 10, 11, 13, 14 и 15 за Логоварди, Буково, Магарево, Нижеполе, Лопатица, Црнеец, Драгош, Бистрица и Кажани ќе сообраќаат со возните редови за летниот период.

Потоа, од 11 јуни 2020 година па натаму сите општински линии ќе продолжат да се одржуваат според редовните возни редови.

При одржувањето на линиите од страна на превозниците и при користењето на јавниот превоз од страна на патниците, задолжително мора да се почитуваат донесените уредби со законска сила и мерки за време на вонредната состојба, односно возилата да сообраќаат со преполовен капацитет и со запазување на растојанието од два метри меѓу патниците, а патниците задолжително да носат лична заштита на лицето.

Евентуалното непочитување на возните редови и на мерките граѓаните можат да го пријават во Општинскиот инспекторат на телефонскиот број 047/208-356.