Постапка за стекнување на право на сопственост на градежно земјиште

Постапка за стекнување на право на сопственост на градежно земјиште

ПОСТАПКА ЗА СТЕКНУВАЊЕ ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ ОД ЛИЦЕ КОЕ КОРИСТИ ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО И ГРАДЕЖНО ИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ ПРЕНЕСЕНО ОД ПОРАНЕШЕН СОПСТВЕНИК, КАКО И НЕГОВИТЕ ЗАКОНСКИ НАСЛЕДНИЦИ, АКО ИСТОТО ГО КОРИСТАТ ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА СКЛУЧЕН СО ПОРАНЕШЕН СОПСТВЕНИК ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ ОД ДЕНОТ НА СКЛУЧУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ И КОГА ЌЕ ПЛАТИ/ПЛАТАТ ДАНОК НА ПРОМЕТ ЗА ЗЕМЈИШТЕТО.

 

Лице кое користи градежно неизградено и градежно изградено земјиште пренесено од поранешен сопственик, како и неговите законски наследници, можат да стекнат право на сопственост, ако истото го користат врз основа на договор за купопродажба склучен со поранешен сопственик повеќе од 20 години од денот на склучувањето на договорот и кога ќе платат данок на промет за земјиштето.

Барањето се поднесува во хартиена форма и кон истото се прилoжуваат следниве докази:

– доказ за идентификација на барателот, односно лицата кои се негови наследници според прописите на наследување (фотокопија од лична карта или патна исправа),

– договор за купопродажба на земјиштето,

– податоци за градежното земјиште (имотен лист од Агенцијата за катастар на недвижности),

– извод од урбанистички план или урбанистичка планска документација со дефинирана градежна парцела согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање,

– геодетски елаборат за нумерички податоци со список на податоци за формирање на градежна парцела;

– уверение за историски преглед на извршените запишувања во Агенцијата за катастар на недвижностите за предметното градежно земјиште сопственост на Република Македонија за периодот од кога е востановен катастар на земјиште во катастарската општина, со идентификација на катастарска парцела и катастарска општина,

– изјава заверена на нотар во која лицето кое го користи градежното земјиште, односно неговите законски наследници под морална, материјална и кривична одговорност изјавува/изјавуваат дека земјиштето го користат повеќе од 20 години врз основа на договор за купопродажба склучен со поранешен сопственик и

– доказ за платена административна такса во висина од 1.000 денари.

уплатница