Постапката за продажба на недвижни ствари што се користат или се во продажба кој се сопственост на општина Битола, се врши со електронско јавно наддавање, преку електронски систем за јавно наддавање со кој управува и оперира министерството за финансии-Управа за имот и имотно правни работи.
Постапката за електронско јавно наддавање ја спроведува комисијата за недвижни и движни ствари со претходно дадена објава на електронскиот систем за јавно наддавање и во два дневни весника кои се издаваат на македонски јазик, а излегуваат најмалку три месеци пред денот на објавувањето на објавата и еден дневен весник кој се издава на јазикот кои зборуваат најмалку 20% од граѓаните кој зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик во општините, на чие пподрачје се наоѓаат недвижните ствари предмет на објавата, а излегува најмалку три месеци пред денот на објавувањето на објавата.
Објавата за продажба на недвижните ствари задолжително ги содржи следниве податоци за :
– недвижна ствар која е предмет на продажба (површина и број на катастарска
парцела каде се наоѓа, катастарска општина и број на имотен лист, број на зграда, намена на зграда, број на влез, број на посебен дел од зграда),
– урабанистичко-планска документација за земјиштето на кое се наоѓа недви-
жната ствар која е предмет на продажба,
– почетна цена на недвижната ствар која е предмет на продажба,
– рокот за поднесување и начинот на поднесување на пријавите за учество на
јавното наддавање,
– времето на започнување и времетраењето на јавното наддавање,
– условите за учество на јавно наддавање за странските физички и правни ли-
ца,
– услови за учество на јавно наддавање за домашни физички и правни лица,
– банкарска гаранција за сериозност на понудата во висина од 2% од процене-
тата вредност на недвижната ствар,
– обврската на најповолниот понудувач да ги уплати средствата во рок од 15
дена од денот на приемот на писменото известување за избор, во спротивно нема да се пристапи кон склучување на договор, а банкарската гаранција за сериозност на понудата ќе биде активирана а понудувачот во период од од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари,
– начинот и постапката за спроведување на наддавањето (начин на легитими-
рање на учесниците на јавно наддавање, потребен број на учесници согласно со закон,
дефинирање на почетокот и крајот на јавното наддавање, рокот за уплата на најповолната понуда, обврски за исплата на данокот на промет, обврска за трошоците
за солемнизација на договорот и право на приговор) и
– интернет страница на која ќе се врши јавното наддавањe е следната
www.e-stvari.mk
За недвижната ствар која е предмет на објавата на јавно наддавање, може да се
пријават за учество сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица
кои можат да се стекнат со сопственост на недвижни ствари на територијата на Репуб-
лика Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Комисијата е должна во објавата да утврди рок за поднесување на пријавата за
учество на јавното наддавање. Рокот неможе да биде пократок од 10 календарски дена
ниту подолг од 30 календарски дена, сметајќи од денот на објавувањето на објавата до денот на поднесувањето на пријавите.
Пријавите за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање, а тоа се :
– генералиите на истиот (полн назив, точна адреса, и телефон за контакт),
– изјава со која се прифаќаат условите што се дадени во објавата,
– доставување на Банкарската гаранција за сериозност,
– тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија,
– е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која се врши постапката
на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која ќе се одвива електронското јавно наддавање и
– доказ за идентитет за физичките лица, (копија од лична карта).
Комисијата по рокот утврден за доставување на пријавите констатира кој учесници ги исполниле условите во објавата, по што ги известува по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата во рок од три дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на оние подносители кои не ги исплнуваат условите им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното електронско наддавање. Јавното електронско наддавање може да се одржи ако се има пријавено и еден учесник на јавното наддавање и ја наддаде цената во објавата,
Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понундувач му се враќа 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
ПОСТАПКА
Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање на од страна на учесниците. Во првите 5 минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на недвижната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што додколку во истекот на последните 2 минути од определеното време од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок се продолжува за уште 2 минути, а ќе заврши кoга за период од следните 2 минути нема нова дадена понуда, и продолжува неограничено се додека во временски интервал од 2 минути има нова понуда.
Доколку во првите 5 минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2% од почетната вредност. Доколку и во наредните 5 минути нема понуда, вредноста се намалува повторно за 2% од првичната почетна вредност.
Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по втор пат може да се намали најмногу до 30% доколку се има пријавено саммо еден учесник, доколку во втората објава се пријавиле двајца или повеќе учесници намалувањето на вредноста на недвижната ствар може да биде најмногу до 50% од проценетата вредност.
По завршувањето комисијата изготвува записник за спроведеното наддавање и го доставува до сите учесници.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата за недвижната ствар, а доколку не го стори тоа нема да се пристапи кон потпишување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.
По завршувањето на постапката за јавно наддавање, со најповолниот понудувач, во рок од 5 работни дена по извршената уплата на цената на недвижната свар, одговорното лице на државниот односно општинскиот орган корисник на недвижната ствар склучува договор. Трошоците за солемнизација паѓаат на товар на купувачот.
ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП НА НЕДВИЖНИ СТВАРИ
Давањето на недвижни ствари во сопственост на општината во закуп се врши со јавно електронско наддавање и со непосредна спогодба во посебни случаи. Висината на вкупната почетна цена на закупнината изнесува 0,5% од проценетата вкупна вредност за месечна закупнина на недвижната ствар. Вредноста на недвижната свар ја определува овластен проценител, согласно со Законот за процена. Недвижните ствари дадени во закуп не можат да се даваат во подзакуп.
За давање на недвижни ствари во закуп со електронско јавно наддавање, соодветно се применуваат одредбите од овој закон со кои претходно е уредена постапката за продажба на недвижни ствари со електронско јавно наддавање.
ПРОДАЖБА НА ДВИЖНИ СТВАРИ
Кога се врши продажба на движни ствари се врши со електронско јавно наддавање кој го спроведува комисијата.
Почетната цена на движните ствари што се предмет на продажба со електронско јавно наддавање е проценетата вредност на движната ствар утврдена согласно Законот за процена.
Во постапката за продажба на движни ствари сопственост на општината со електронско јавно наддавање соодветно се применуваат горе наведените одредби за продажба на недвижни ствари со електронско јавно наддавање.
Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Детални информации врзани за објавата можат да се добијат во Одделението за имот и имотно-правни работи на општината и на телефоните:047/208-313, 047/208-324.