Постапка
Одделението за комунална инспекција и инспекција на животната средина на Општина Битола, во согласност со Законот за животна средина, Законот за управување со отпад, Законот за квалитет на амбиенталниот воздух и Закон за заштита од бучавата во животната средина, ги извршува следните цели и задачи
Работни цели и задачи:
Цел 1: Редовен надзор на инсталации со Б-интегрирана еколошка дозвола
Цел 2: Вонреден надзор по пријави, сознанија и инциденти на загадување на животната средина
Цел 3: Редовен надзор на правни лица по законите од областа на животната средина
Задачи
Задача 1:Редовен надзор во инсталации со Б-интегрирана еколошка дозвола
Задача 2:Редовен надзор на правни и физички лица што вршат дејности и активности за кои е потребно да имаат одобрен елаборат за заштита на животната средина
Задача 3:Вонреден надзо по пријави, инциденти или сознанија за загадување на животната средина
Задача 4: Надзор по законите за отпад, бучава, води и воздух
Задача 5: Евиденција на диви депонии
Задача 6: Изрекување на превентивни мерки и санкции
Заедно со барањето или пријавата треба да се достави и уплатница за административни такси од 50 денари.