ПОСТАВЕН ВИДЕО НАДЗОР НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ И НАДВОРЕШНИОТ ДЕЛ ОД УЧИЛИШТЕТО „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

ПОСТАВЕН ВИДЕО НАДЗОР НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ И НАДВОРЕШНИОТ ДЕЛ ОД УЧИЛИШТЕТО „ЕЛПИДА КАРАМАНДИ“

Шест камери кои овозможуваат комплетен видео надзор на надворешниот дел на училиштето и спортските терени се поставени во основното училиште „Елпида Караманди“. Постапката ја спроведе училиштето во соработка со општината, а во согласност со Упатството за спроведување на задолжителни мерки и активности во основните училишта, донесено од страна на Министерството за образование и наука.
На овој начин се зголемува безбедноста на учениците во училиштето и се овозможува заштита на новите училишни спортски терени од оштетување и несоодветни активности, дејствија на несовесни младинци и граѓани, кои за жал беа забележани уште првата недела од пуштањето во употреба на реконструираните спортски игралишта.