ПОСЕТА НА УРБАНА ЗАЕДНИЦА ТАКИ ДАСКАЛО

ПОСЕТА НА УРБАНА ЗАЕДНИЦА ТАКИ ДАСКАЛО

Градоначалникот на Општина Битола д-р. Владимир Талески денес оствари средба со граѓани, во урбаната заедница Таки Даскало. Благодарение на Здружението за развој на ромската заедница ” СУМНАЛ “, дел од објектот на урбаната заедница кој беше запуштен подолг период, се санира и се уреди во еден убав простор, кој што служи за згрижување на деца, односно е Центар за ран детски развој.

” Овде во оваа Урбана заедница се потсетивме на инфраструктурните работи кои што беа потребни за нашите граѓани, така да во овој дел уредивме повеќе улици, двата паркови кои се наоѓаат еден наспроти друг и поставивме детски реквизити по барање на граѓаните. Другиот дел од објектот кој што пред неколку години беше успешно саниран и реконструиран, денес потребно е повторно да се извршат некои поправки.
Невладината организација ” СУМНАЛ ” како и други невладини организации кои што успешно работат, треба да ги посочиме пред нашите граѓани, дека ова е успешен пример, и дека самите тие изнајдоа начин и средства како да го уредат овој простор. Тие имаат и своја програма, и интензивно соработуваат со други организации како што се и УНИЦЕФ “, изјави градоначалникот Талески.

Центарот за ран детски развој на СУМНАЛ, постои веќе два месеци, наменет е за деца од 3 до 6 години, и истиот работи по програма од Министерството за труд и социјална политика.

” Ги имплементираме стандардите за рано учење и подучување, и морам да истакнам дека ние веќе имаме добиено лиценци од Министерство за труд и социјална политика за да работиме.  Да напоменам до сите родители дека програмата овде е бесплатна, престојот овде не се наплаќа, само е важно да бидат редовни, доколку сакаме да имаме резултати.
Апелирам до сите, доколку сакаме ние ромите да се интегрираме, тогаш мораме да вложиме во нашите деца во образованието, затоа што сепак тука е клучот “, истакна раководителот на центарот за ран детски развој Фатма Бајрам Аземовска.

poseta_UZTD_4_15_1

SONY DSC

poseta_UZTD_4_15_3 poseta_UZTD_4_15_2