ПОСЕТА НА В.Д АМБАСАДОРОТ НА САД, ЕРИК МЕЈЕР НА ОПШТИНА БИТОЛА

ПОСЕТА НА В.Д АМБАСАДОРОТ НА САД, ЕРИК МЕЈЕР НА ОПШТИНА БИТОЛА

Заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САД, Н.Е.Ерик Мејер и проектниот експерт на УСАИД, Маргарета Липковска Атанасов, денес ја посетија општина Битола, каде имаа средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и секретарот, Борче Димитровски.

В.Д Амбасадорот се интересираше за проектната подготвеност на општината, како и за досегашното искуство на локалната самоуправа за реализација на проекти, поддржани од меѓународни фондови. Претставниците на општина Битола, го информираа в.д Амбасадорот Мејер, за изготвениот проект за изградба на стационар за бездомни животни, за повеќето изготвени проектни документации за реконструкција и изградба на улици во урбаниот и руралниот дел на општината, за проектот за изградба на нова противпожарна зграда, како и за другите проекти кои се приоритет на локалната самоуправа.

На состанокот се разговараше и за проектот на УСАИД за „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ во кој е вклучена општина Битола, а преку кој општината работи на изготвување на Стратегија за локален економски развој, подигнување на транспарентноста, како и подобрување на можностите за реализација на проекти и пристап до надворешни финансии.

На средбата, беа потенцирани и можностите за зајакнување на понатамошната соработка, како и поддршката која може да ја добие општината од Амбасадата на САД.