ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ

Денес, на денот на раѓањето на Крсте Петков Мисирков – македонскиот филолог и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, положи свежо цвеќе пред споменикот во градскиот парк кај Саат кулата во Битола, подигнат во негова чест.

Во чест на авторот на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, чие име го носи и основното училиште во селото Бистрица, свежо цвеќе, положи и директорката на училиштето, Татјана Апостоловска Ѓорѓиевска, во придружба со неколку претставници од наставниците.