ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ кај Центарот за култура во Битола, од страна на заменик градоначалникот на општина Битола Бојан Бојковски, претставници на Советот на Општина Битола предводени од претседателката Габриела Илиевска, претставници на Сојузот на борци и на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ПОДЕМ, денес се одбележа 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Пред 32 години, на 8 септември 1991 година, на спроведениот референдум, македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Годинешното одбележување на празникот е под мотото „Гласник на слободата“.