ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претставници на општинската организација на Сојузот на борци, по повод 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, положија свежо цвеќе пред Споменикот на НОАВМ на Плошрадот „Гоце Делчев“, оддавајќи им почит на борците од Народно ослободителната борба.