Поетски обзор во организација на жени од Општина Битола
Независната театарска куќа – Интимен театар, беше збирното место на убавиот збор, фотографијата и македонскиот мелос.
На настанот беше промовирана поезија од познати и помалку познати поетски македонски имиња коишто творат со душа и љубов и постојат само за неа. Целта манифестација се состоеше од читање на поезија преку која беа пренесени најемотивните, најсилните, и најјаките чуства кај слушателот.
Пред публиката со своја поезија се претставија: Светлана Петковска, Светлана Папачек, Мери Арсовска, Снежана Лазаревска и Јасмина Јошевска.
Настанот беше во рамки на БИТ ФЕСТ 2015