ПОДДРШКА ОД ОПШТИНА БИТОЛА ЗА РАЗВОЈ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ

ПОДДРШКА ОД ОПШТИНА БИТОЛА ЗА РАЗВОЈ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СПОРТ

Согласно Програмата за спорт и млади, општина Битола, овозможи поддршка од 150.000 денари за развој на Универзитетскиот спорт во сите области.

Целите и задачите на Спортскиот Универзитетски сојуз при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, меѓудругото се насочени кон поттикнување и развој на врвниот студентски спорт на Универзитетот, организација и реализација на подготовки на Универзитетските репрезентации за учество на повисок степен на натпревари, како и државни, екипни и поединечни првенства и други активности.

Годишната програма на Спортскиот универзитетски сојуз на УКЛО, вклучува учество во државни универзитетски лиги во мал фудбал, ракомет, пинг понг, одбојка, шах, стрелаштво, куглање, универзитетски турнир во баскет 3×3, тенис, како и спортска опрема за студентите натпреварувачи.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на претставниците на Универзитетскиот сојуз на УКЛО им посака успешна работа и големи спортски успеси, нагласувајќи дека општината останува силна поддршка за развој на спортот и поддршка на младите во Битола.

За време на денешната средба, му беше доделено и признание од Универзитетот на Петар Заборски за постигнатите резултати како најтрофеен и најдобар спортист на УКЛО со највисоки достигнувања на европски и светски универзитетски првенства.