Во должина од 4 километри со вкупна вредност од 22 333 784 денари, наскоро ќе започне реконструкција со доградба на локалниот пат за село Маловишта.
Денес, градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, одржа работен состанок за подготовка пред отпочнување на градежните активности со избраниот изведувач ЛЕНДИ ГРУП ДООЕЛ Скопје и надзорот над проектот АД „ЗИМ“ Скопје. Со оваа инвестиција, конечно ќе се изврши реконструкција на локалниот пат за селото Маловишта, кој во моментот се наоѓа во многу лоша состојба.
После завршувањето на работниот состанок, стручните екипи, извршија посета на терен, со цел комплетно согледување на состојбата и дефинирање на начинот на кој ќе се изведуваат градежните активности.