ПОДАРОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД ПОСЕБНИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ВО ОУ ЃОРЃИ СУГАРЕВ

ПОДАРОЦИ ЗА ДЕЦАТА ОД ПОСЕБНИТЕ ПАРАЛЕЛКИ ВО ОУ ЃОРЃИ СУГАРЕВ

Со песнички и игра, децата од посебните паралелки во ОУ Ѓорѓи Сугарев, ги дочекаа гостите од општина Битола, кои заедно со Дедо Мраз, денес се обидоа да ги изненадат, да ги израдуваат и да им ги разубават празниците.
„По повод Новогодишните и Божиќните празници, денес и вчера ги посетуваме сите институции каде што се сместени дечиња во нашиот град. Ова е празник кој отсекогаш со себе носел и ќе носи магија, можност во која можеме да внесеме радост во детските срца, затоа што Дедо Мраз и магијата која тој ја носи, особено ги возбудува и им значи. Би сакала на сите да им посакам: добро здравје, да бидат весели, а овој ден да биде само наше потсетување дека е единствен, а наша должност е колку можеме повеќе да внесуваме магија во нивните животи“, изјави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска.